Иницијативата Ретвитни оброк готви по 200-ти пат

Иницијативата “Ретвитни оброк” денеска готват за бездомници и гладни луѓе во Скопје по двестети пат. На почетокот организирани преку социјалната мрежа твитер и готвејки во домашни услови, со скромна бројка на оброци, денес тие можат да се пофалат со околу 200 оброци кои секоја сабота ги делат на бездомниците и на оние кои што не можат да си обезбедат оброк. Мила Тасевска е од самите почетоци на оваа иницијатива и вели дека таа воопшто не им претставува напор и обврска,  за почеток е потребно само желба да се помогне на некого.

Со тек на време, тие имаат јадро од луѓе кои се константно вклучени во готвењето и делењето на оброците, но велат дека секојдневно имаат нови заинтеересирани да се приклучат кон оваа нивна благородна мисија.

Досега иницијативата Ретвитни оброк има зготвено околу 3000 топли оброци.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ