
Бујар Османи ги потпишал првите двојазични документи
Вицепремиерот Бујар Османи очекува на почетокот Законот за јазици да се применува со потешкотиии, но уверен е дека со текот на времето тоа ќе се регулира. Денеска ги потпишал и првите двојазични документи а во сабота ќе се подготви акциски план со конкретни рокови, институциите ќе треба да се подготват логистички, а до донаторската заедница упатено е писмо за давање помош околу искуството на земјите кои се двојазични или тројазични.
Двоглавиот орел не е провокација туку симбол дека некој е Албанец, уверува Османи и вели дека ќе продолжи тоа да го прави и натаму.
ВМРО-ДПМНЕ не е против употребата на Албанскиот јазик, туку против начинот и процедурата во која се носи законот.
За СДСМ законот не е противуставен.
Владејачките партии се убедени дека за неколку месеци Законот за јазиците ќе се имплементира и дека никому нема да пречи ако некој говори на својот мајчин јазик.
Јулијана Пешевска