Жбогар : Антокорупциската ќе донесе свеж воздух во борбата против Корупцијата

Евроамбасадорот Жбогар во интервју за Топ тема  изјави дека Антикорупциската комисија ќе донесе  свеж воздух во борбата против корупцијата, а Специјалното обвинителство и Јавното обвинителство треба повеќе да се фокусираат на борбата против корупцијата кај политичарите без оглед од која партија доаѓаат, од власта или од опозицијата.

Тој потсети дека меѓународниот индекс на транспаретност, според кој перцепцијата на корупираноста е највисока тука од целиот регион, што е мошне загрижувачко.

  • Ова треба да е вид на аларм за судството, за политичарите, дека нешто треба да се направи, и се надеваме дека новиот закон, за кој токму сега се дебатира во Собранието, за Антикорупциската комисија, ќе донесе малку свеж воздух во борбата против корупцијата, затоа што оваа Комисија е многу важна, треба да ја довие моќта и овластувањата кои и следуваат, треба да добие ресурси, треба да добие експерти кои потоа ќе се побават со имотот на политичарите и да истражат доколу некои политичари се побогати од тоа што реално заработуваат, изјави Жбогар.

Додава дека Европската Унија  со нетрпение чека овој закон да стапи на сила и новата Комисија да почне со работа колку што може порано.

  • Значи ова едно поле каде што можеби ќе видиме поголема борба против корупцијата, против јавните функционери и политичарите. И се разбира, Специјалното обвинителство и Јавното обвинителство треба повеќе да се фокусираат на борбата против корупцијата кај политичарите без оглед од која партија доаѓаат, од власта или од опозицијата.,, изјави евроамбасадорот Жбогар .  За Дооговорот од Преспа смета дека е  лекција за Европа. Постои решение за секој проблем ако имате вистинско лидерство, смета Жбогар.

Интервјуто на амбасадорот Жбогар во целост ќе го гледате на Топ Тема на Ваша сатрана .

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ