Дебата за доверба на владата на Ципрас е увертира во изборите во Грција

Тензична дебата во грчкиот парламент на вторито ден од расправата за доверба на Владата на Алексис Ципрас. Гласањето треба да се случи денеска на полноќ. Колку е  Ципрас сигурен во тоа дека ќе добие мнозинство покажува информацијата дека Договорот од Преспа во собраниеска процедира ќе влезе до крајот на неделава за кој пратениците ќе расправаат два дена пред гласањето. Според информците на Телма гласањето за Договорот би се случило в понедленик или в вторник.

Очекувањата во грчката јавност се дека Ципрас ќе добие тесна доверба за владата во парламентот и покрај повлекувањето на Панос Каменос, лидерот на Независни Грци од владата. Иако Каменос сега е опозиција, главниот судир на Ципрас во собранието се случи со најголемата опозициска партија, Нова демократија.

  • Ние сакаме идеолошки пораз на левицата – пад на владата“ рече Макис Воридис, пратеник од Нова демократија.

Сепак Дора Бакојани од Нова демократија во своето обраќање рече дека владата ќе помине вечерва благодарение на шест пратеници кои ќе ги дадат своите гласови, но немаат ниту политички, ниту демократски легитимитет.

СИРИЗА во парламентот се обидува да обезбеди поддршка на владата со освојување на гласови на индивидуални пратеници од други пратенички групи

Владата од говорницата ја бранеше вицепремиерот и министер за економија Јиаис Драгасакис, кој рече дека довербата се бара за подолг рок.

  • Гласањето за доверба не се однесува на повремени мнозинства, со цел да се продолжи животот на владата неколку месеци, но тоа е почеток на општа прераспределба на политичката сцена со цел ново прогресивно мнозинство, широка припадност која следниот ден ќе го организира планот за Грција. “, рече Јианис Драгасакис, вицепремиер и министер за економија на Грција.

Дебата меѓу власта и опозициата во парламентот всушност е увертира во изборите кои терба да се случат за неколку месеци.

Гласањето за доверба на владата е поврзано со усвојување на Договорот од Преспа и обидот на десницата да го спречи тоа со соборување на владата на Ципрас. Фокусот поради тоа е ставен на пратениците на Река од кои се очекува поддршка за Договорот. Сепак лидерот на партијата ја стави под знака прашалник позицијата на партијата за гласање на Договорот. Паретиникот од Река Јоргос Мавротас рече дека владата до користи Договорот за името за да добие поддршка на гласањето за доверба. Според него не е спорна позицијата за Договорот од Преспа, туку политичкиот момент во кој тој доаѓа во Собранието.

Пред гласањето за владата треба на полноќ, пред пратениците ќе се обрати уште еднаш грчкиот премиер Алекси Ципрас.

 

Тамара Грнчароска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ