
Владата ќе се вклучи во решавање на проблемот со фасадата на ЕВН
Владата ќе се вклучи во изнаоѓање на решение за почнатата а недовршена фасада на зградата во близина порта македонија.Иако за овој проблем досега не е разговарано, од таму потврдуваат дека нема да се остави висококатницата да го нагрдува централното градско подрачје. Неизвесноста околу судбината на зградата се зголеми откако ЕВН на продажба го огласи својот дел од објектот а во следниве неколку месеци се очекува од неа во нова зграда да се пресели и АД ЕЛЕМ
- ЕВН како приватна фирма може да прави што сака според планот, но ќе мора да се расчистат правните дилеми.Објектот пред да биде пуштен т.е вратен ќе мора целосно да се расчистат правните односи.За фасадата нема развој во тој дел, кога ќе се реши што ќе се прави, ќе и се каже на јавноста, изјави Муамет Хоџа портпарол на влада.
Изведувачот на работите градежната Фирма Бетон не открива дали, кога и под кои услови ќе ги продолжат стопираните градежни работи на фасадата.На објектот не се работи повеќе од 2 години кога изби пожар на фасадата.Тогаш ЕВН побара БЕТОН да користи огноотопрен материјал но изведувачот одби.ЕВН не дава дополнителни информации дури траат преговорите меѓу трите страни за тоа како да се заокружи проектот а од АД ЕЛЕМ потврдуваат дека се разгледуваат сите правни можности што стојат на располагање.
- Проблемот не е во изгледот на објектот, туку во договорот, бидејќи со истиот се предвидени материјали и работи за комплетирање на вакава фасада. Можни се опции кои подразбираат стакло и алуминијум/челик, кои би биле најблиску до поранешниот изглед на објектот, но тоа е тешко да се вклопи во постоечкиот договор, соопштија од АД ЕЛЕМ.
Дали договорот со Бетон потпишан во 2012 година ќе се раскине без да има правни и финансиски реперкусии од тоа или ќе се бара друго решение ќе се знае во периодот што следи. Градежните работи почнаа во 2013 а требаше д абиде готова една година подоцна. Висококатницата се спаси од барок но со години е опкружена со скелиња и искината заштитна мрежа.Наместо препознатливите стаклени зидови, прицврстена е челична конструкција која требала да биде носач на барокната фасада, зидовите се соголени а на 5 ката недостасуваат прозорци.Досега се реализирани само 20% од вредноста на договорот тежок 4,3 мил евра,односно платени се околу 730 000 евра за изведба и околу 3500 евра за надзор.Објектот е изграден во 1962 год а автор на идејното решение е белградскиот архитект Бранко Петричиќ
Виолета Зајкова Стојановска