
Падна договор меѓу власта и опозицијата за Законот за спречување корупција
По неколку часа расправа, доцна попладнево падна договор меѓу власта и опозицијата за новиот Закон за спречување корупција. СДСМ прифати 20 од поднесени 40 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, но Антикорупцинерите сепак ќе имаат увид во банкарските сметки. И опозицијата е задоволна од епилогот.