Пратениците не се заинтересирани за барањата на „Анти коцкање“

Пратениците не се согласуваат со главното барање на движењето „Анти коцкање“ казината и обложувалниците да бидат оддалечени 3 километри од институциите и другите јавни објекти, амандман кој веќе го доставиле при подготовката на новиот закон за игри на среќа.

Од ДУИ инсистираат ваквите објекти да бидат на воздушно растојание до еден километар а според Џемал Абдиу, останатите политички партии и воопшто не покажале интерес за овој нов закон, кој треба да се најде на гласање што поскоро.

На мирен протест одржан на тетовскиот плоштад минатиот месец движењето Анти коцкање побараа државата да одвојува 5% од буџетот кој доаѓа од игрите на среќа за реновирање на објекти од јавен интерес, и да се изготви национална стратегија за едукација на учениците, студентите и сите граѓани за штетите кои ги предизвикува коцкањето. Денеска истакнаа дека ќе поднесат и нов амандман.

Во Тетово на секое ќоше се отвораат кладилиници и обложувалници, а голем дел од нив не се придржуваат и на постоечките закони.

 

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ