
УПОЗ бара работно време од 7 часа и втори јануари и втори мај да бидат државни празници
Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани со две барања до Владата. Во првото, бараат измена на законот за работни односи со кои тие иницираат да добијат скратено работно време од 7 часа и во второто, бараат измени во законот за празници со кои втори јануари и втори мај ќе бидат повторно неработни денови. Тие се надеваат дека нивното прво барање може да биде вметнато во новиот закон за работни односи кој е во фаза на изработка во Министерството за труд и социјална политика и за ова ги нудат слениве аргументи.
Со второто барање на УПОЗ тие ја поддржуваат Владата со одлуката втори јануари да биде неработен ден и бараат тој да биде вметнат во законот за празници, а истото го бараат и за втори мај.
Од Владата, велат дека сеуште не ги добиле барањата на УПОЗ. Досега не било отворено прашањето за законот за празници, а втори јануари како неработен ден бил прогласен со одлука на Владата и тоа само за оваа година.
Јордан Дуков