СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во клинч за Антикорупциска комисија

Во собранието треба да започне седница со единствена точка на дневен ред- предлог законот за спречување на корупцијата.

Овој владин предлог-закон треба да оди по скратена постапка и со европско знаменце со цел усогласување со европското законодавство.

За да се донесе законот потребно е двотретинско мнозинство. Од опозициската ВМРО ДПМНЕ најавија дека нема да го поддржат законот во ваква форма..

Комисијата е нефункционална веќе неколку месеци, а владата бара донесување по итна постапка пред распишување на претседателските избор на 8 фаевруари. Пратеничката група на СДСМ е во фаза на преговори со колегите од ВМРО ДПМНЕ и тие веќе прифатиле дел од предлозите, но од владејачката партија велат дека нема да бидат заложници на барањата на ВМРО ДПМНЕ, кои ги условуваат со се или ништо. Не сме кочничари туку покажуваме конструктивност, велат од ВМРО ДПМНЕ.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ