Договорот за името во грчкиот парламент на 21 или 22 јануари

Ратификацијата на договорот за името во грчкиот парламент ќе се гласа на 21 или 22 јануари , дознава телма од дипломатски извори.

Неофицијално, се очекува утре со мнозинство од 151 пратеник, да и биде изгласана доверба на владата на премиерот Алексис Ципрас, а веќе в понеделник или во вторник на дневен ред, пред грчките пратеници да се најде ратификацијата на Договорот за името.

Изворите на Телма велат дека е очекувано Договорот за името да биде ратификуван и со повеќе од 151 глас.

Премиерот Ципрас, претходно кажа дека прво ќе се ратификува Договорот за името, а дури потоа во грчкиот парламент ќе се најде протоколот за членството на Македонија во НАТО.

Откако Грција ќе ги ратификува двата документи, ќе почне да важи Договорот за името.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ