Канчевска: Гласав за уставните измени поради државен интерес, не уценував за “Тендери”

Ексминистерката за култуra Канчевска Милевска негира дека нејзиниот глас даден за уставните измени е резултат на договор со власта или уцена за да се спаси за „Тендери“ случајот на СЈО поврзан со изградбата на музејот на ВМРО. Тоа што во последен момент се предлагаа па се повлекуваа измените на КЗ кои се однесуваат токму на кривичното дело за кое одговара Канчевска топката ја префрли на владеачкото мнозинство кое ги предложи законските измени.

Дали повторно ќе бидат вратeни во Собранието на гласање законските измени, од СДСМ сега велат нема потреба од промени на делото „злоупотреба на службената положба“.

Освен амнестијата која ги опфати 5 мината пратеници обвинети за 27 ми април пред крајот на годината во Собранието поминаа и промените со кои на кривичното дело злоупотреби при јавни набавки со кои се намалуваат затворските казни. Токму за ова дело се обвинети Сеад Кочан и Василие Авировиќ блиски до пратениците Зекир Рамчиловиќ и Владанка Авировиќ кои исто како Канчевска ги поддржаа уставните амандмани.

Деновиве се отвори нова дилема дека политичари бараат спас од предметите на СЈО преку законско решение со кое бомбите нема да можат во иднина да се користат како докази. Канчевска Милевска вели дека од од 8-те пратеници не дошол такво предлог и не знае кој предлагал такво нешто. Засега никој не се пријавува дека предложил укинување на бомбите откако министерката за правда минатата недела откри дека од политичари доаѓаат таквите предлози но не кажа кои.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ