Иванов: Законите за употреба на јазиците и за ратификација на спогодбата од Преспа се противуставно објавени

Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указ од Претседателот  се противуставни, вели во писмената изјава до медиумите претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

– Доцна синоќа имавме можност да го видиме вистинското лице на владината коалиција на СДСМ и ДУИ која себеси се смета за проевропска, вели Иванов.

Со доставувањето на овие два закона во Службен весник, како што посочува Иванов, е прекршен член 75 од Уставот на Република Македонија, додека објавувањето на законите е направено незаконски и претставува основа за кривично гонење.

Според него ова е момент кој ќе покаже дали во Република Македонија постои Уставен суд, дали функционира обвинителството, дали има независно судство и дали постои владеење на правото.

-Се прашувам, дали високите претставници на меѓународната заедница, кои ја поддржуваат оваа владина коалиција, ќе се јават и ќе го поддржат овој начин на донесување на закони? Дали ќе ги поддржат овие преседани, што носатнесогледливи последици и штета по правото и правната држава и дали вакви преседани применуваат во сопствените држави, подвлекува во писмената изјава претседателот Иванов.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ