Струмица сака да им понуди гасификација на повеќе корисници

Локалната власт и бизнис заедницата во Струмица гасификацијата ја гледаат како клуч за решавање на многу проблеми. Од намалување на загадувањето, до конкурентност на пазарот.

Одделението за животна средина информира дека градот разгледува неколку опции за приклучување на повеќе корисници и поголеми потрошувачи на гасоводната мрежа.

Бизнис секторот, пак, вели дека доколку се приклучат повеќе големи индуструски капацитети на гас, гасоводното претпријатие би купувало далеку поголеми количини компресиран гас и би издејствувале поповолна цена. Со тоа корисниците би добиле поповолни услови, претпријатието повеќе корисници а градот ќе биде чист и помалку загаден.

Дел од мерките за приклучување коишто сака да ги примени општината се укинување на приклучната такса во висина од 500 евра, цена што би паднала на товар на општинскиот буџет, но и намалување на данокот на гасот на 5%. доколку државата даде поддршка за оваа мерка.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ