15 годишно девојче загина во сообраќајка кај Струмица

Петнаесет годишно девојче од струмичко Радово загина во сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4.30 минути на патот Струмица – Дабиле. Во автомобилот имало уште четири лица коишто се здобиле со телесни пвореди.

Засега нема официјални информации како настанала сообраќајната несреќа. Една од причините кои се разгледуваат се брзината на движење и условите на патот, односно голомразица.

Од струмичката општа болница информираат дека едно од повредените девојчиња е префрлено на Карил во Скопје, додека состојбата на другите три лица е стабилна.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ