Влада и осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ: Заеднички постигнавме договор со кој се обезбедуваат најмалку 80 пратеници

Владата и осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои во првата фаза ги поддржаа уставните измени неопходни за усвојување на Преспанскиот договор, успеаа да постигнат договор за конечното усвојување на амандманите на Уставот со што е обезбедено неопходното двотретинско мнозинство.

-Ја информираме јавноста дека со заедничко учество успеавме да постигнеме договор за конечноста на уставните амандмани и уставниот законик со што се обезбедува најмалку 2/3 мнозинство во Парламентот. Добивме максимално можно добар текст на уставните амандмани и уставниот законик за спроведување на договорот од  Преспа со што уште еднаш се потврдува македонскиот идентитет, внатрешна примена на договорот од Преспа и стапувањето на сила на уставните амандмани. Уште еднаш потврдуваме дека државјанството е македонско/ граѓани на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ