
Се надминаа разликите- соопштија Владата и Беса, Заев ќе се обрати во 21 часот
Ја информираме јавноста дека е постигнат договор со кој се надминати разликите за коишто информиравме дека постојат, се вели во заедничкото соопштение испратено од Бладата и партијата Беса. Вечер во 21 часот премиерот Заев ќе има свое обраќање во Владата на РМ.
Ви го пренесуваме во целост заеничкото соопштение испратено до медиумите од Владата на РМ и од Беса:
- Уште еднаш потврдуваме дека државјанството е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, при тоа прифатен е амандман на Уставниот закон со кој се потврдува државјанството македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и се појаснува како ќе гласи за граѓаните Албанци на албански јазик, и ќе се утврди во сите закони каде што е тоа потребно.
- Истовремено, се прифати амандманот на уставниот амандман XXXVI со кој се потврдува дека Републиката подеднакво води грижа за дијаспората на сите свои граѓани.
- Дополнително во законот за лична карта ќе се впише и етничката припадност на граѓаните.
- За сите други работи кои беа предложени како амандмани ќе бидат повлечени затоа што правно формално не е можно да се реализираат сега, а остануваме посветени во идно време да работиме на нивно решавање со цел да ги отстраниме и таквиот вид на проблеми со кои се соочуваат граѓаните, а заради постигнување на заедничките европски вредности, соопштуваат од Владата и од Беса.