Нинџа и уште четворица обивнети дефинтивно остануваа без аменестија

Апелација пресече, нема амнестија за 5-мина обвинети за 27- ми кои не добија, а се жалеа на одлуката на кривичниот совет. Решенијата се пишуваат, а треба да им се врачат на Никола Митревски Кољо, Младен Додевски, Оливер Поповски, Горанчо Ангелов,и александар Васиелвски Нинџа. Горан Ѓошевски Леви ќе почека одлука, бидејќи кривичниот суд во неговото решение навела име на друг обвинет. На денешната јавна седница Алекснадар Васиелвски Нинџа ја искористи можноста и на тројцата судии  им објасни дека поседува докази од неговите повици пред и на 27 април дека не органзирал ниту се јавувал на други лица да дојдат во собранието. Не влегол ниту самиот, а не удрил пратеник или полицаец. И тој од адвокатот уаптија критика на првичната одлука на кривичниот суд дека не ј почитувал пресумпцијата на невиност, ниту одредбите на законот за аменстија.

Нинџа останува во притвор, така одлучила апелација и по неговата жалба и барањето тој да заложи имот вреден 830 илајди евра како гаранција, и од Шутка да оди во домашен притвор. Неговото место во судницата го завзема Горанче Ангелов Ќосето. Иако рече дека жали за настанот, сепак и за него апелација екпсресно пресече дека судот правилно одлучил кога не му ја прифатиле амнестијата.

Одлуките на апелација се конечни а право на жалба имаат само обвинетите не и обвиниотелството. Од вкупно 33-ца амнестирани беа петнаесетмина, 13 добија негативни мислења а петмина не ни побараа амнестија.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ