Каменос: Единствената разлика во коалициската влада е името на Македонија

По завршувањето на состанокот на пратеничката група на Независни Грци, што помина без изјави за медиумите, лидерот на партијата и коалициски партнер во владата се огласи преку неговиот официјален Твитер профил, јави дописничката на МИА од Атина.

-Единствената наша разлика во коалициската влада е името на Македонија. Останатите работи се решаваат парламентарно. Прашање за доверба не постои, освен ако тоа се поврзе со Договорот од Преспа, каде ќе се донесат одлуки од органите на Независни Грци и ќе го известам премиерот, напиша Панос Каменос.

Според грчките медиуми, Каменос го одложил и интервјуто закажано за вечерва за грчката телевизија Стар.

Како што претходно објави МИА, лидерот на Независни Грци во разговор со новинарите рече дека средбата со Ципрас е одложена „додека не се тргне блокадата што постои во ПЈРМ“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ