11 години од загинување на 11-те мировници на АРМ кај Катлановско Блаце

На годишната церемонија се спушти нивото на функционерите кои положија цвеќе, Одбраната беше претставена од заменик министер и од директор на штабот на АРМ. Цвеќе положија и роднини на загинатите, а изостанаа и новинарските екипи од одбележувањето на трагедијата.

На враќање од мисијата Алтеа во 2007-ма падна армискиот хеликоптер, а загинаа сите 11 офицери кои беа во леталото. Иако беа откриени сериозни пропусти, на крај истрагата се затвори со резолуција, а за виновник беше прогласен пилотот кој го возел хеликоптерот затоа што немал обука за летање по инструменти вградени во хеликоптерот Ми-17.

Во обвинителството не добиле нови докази за повторно отварање на истрагата, а лани на одбележувањето министерката Шекеринска најави дека до обвинителството ќе достави документи кои веќе не се државна тајна, а може да помогнат.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ