
Почнува реализацијата на автопатот Скопје – Блаце
По десетици години ветување, почнува реализацијата на автопатот Скопје Блаце. Откако следниот месец ќе биде објавен тендер,ќе почнат градежните работи за првата делница долга 2 км. Изградбата на вторатата делница ќе почнат во 2020 и ќе траат околу 36 месеци.
Автопатот е долг 12,5 км и неговата проценета вредност е 110 милиони евра. Со овој пат, патувањето од Скопје до Приштина ќе се скрати од 2 часа на 45 минути.