Откриени нови вакцини со декларација со погрешен рок

Нови вакцини со погрешно залепени декларации со истечен рок се најдени при инспекцискиот надзор на терен во вакциналните пунктови, еден ден пред посетата на претставници од белгискиот производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белград. Не се открива за колку вакцини МРП со погрешно аплицирани декларации станува збор, и во кои здравствени домови и градови биле доставени. Проверка се правела и на целата документација на компанијата „Македонија лек“, која е увозник и дистрибутер на вакцината МРП до здравствените домови. Иако здравствените власти очекуваа резултатите од контролата да бидат готови порано, се очекува да бидат обелоденети денеска.

Во меѓувреме, министерот за образование вели дека се уште не се знае дали ќе го пролонгираат зимскиот распуст поради епидемијата од морбили. Велат дека се во постојан контакт со министерството за здравство. На прашањето дали ќе има забрана за деца кои не се вакцинирани да присуствуваат настава, тој вели дека и во постоечкиот закон стои таква одредба дека невакцинирани деца не треба да се примаат во училиштата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ