
Копи пејст решенија за неамнестираните тврди адвокатката на Леви
Кривичниот суд кој го отфрли барањето за амнестија на Горан Ѓошевски Леви во образложението напишал име на друг обвинет кој исто така не доби амнестија. Абдулфета Алими е впишан во образложението за Ѓошевски, па адвокатката пред судиите во Апелација на дешнтаа јавна седница праша – Дали судот можеби решавал за обвинетиот Алими а не за Ѓошевски или пак правел копи пејст на решенијата.
Од друга страна пак неточно го цитирал обвинението, па излегува дека Леви наместо да не ги спречи пратениците да ги отворат вратите, тој ги спречил. Исто така се вели дека обвинителството дало мислење барањето за амнестија да се прифати како неосновано, што за адвокатката исто така е контрадикторно.
Пред тројцаа судии кои треба да пресечат дали Ѓошевски сепак ќе биде амнестиран и тој ја образложи жалбата. Смета дека би требало да е опфатен со законот бидејќи немал никаква командна одговорност. Тој не ги пречекорил ниту службените дејствија, бидејќи си ја работел својата задача која ја имал по систематизација, а тоа е да го обезбедува претседателот на собранието.
Инаку во апелација но не на јавна седница денеска се разгледуваат и жалбите на неамнестираните Оливер Поповски, Никола Митревски Кољо и Младен Додевски. Решение за сите се очекуваат утре. Жалбата на Александар Василевски Нинџа пак е испратена во вишто обвинителство и во некој од наредните денови се очекува одлука и за него. Одлуките на апелација се конечни а право на жалба имаат само обвинетите не и обвиниотелството. Од вкупно 33-ца амнестирани беа петнаесетмина, 13 добија негативни мислења а петмина не ни побараа амнестија.
Билјана Николовска