Измените во Законот за паралален увоз на лекови повлечени од собраниска процедура

Неколку минути пред почетокот на комисиската расправа во Парламентот, Владата испрати писмена одлука со која ги повлече предлог-измените во Законот за паралелен увоз на лекови. Министерот за здравство Венко Филипче со објснување дека законот мора технички да се доработи, за да се спречи негово произволно толкување, но за околу една недела измените повторно ќе влезат во собраниска процедура.

Пратениците беа затекнати од ваквиот чекор, велат, во одлуката за повлекување, владата не ги навела и причините.

Целта на измените во Законот за паралелен увоз на лекови е да се спречи увоз на фалсификувана терапија. Со измените се налага секој лек да има и сертификат за гаранција на квалитет. Изминатите месеци јавноста ја разбрануваа соменжи за терапија со сомнително потекло. Пацинетите стравуваа дали добиваат штетен лек или лек без дејство. Бирото за лекови подоцна  потврди дека фалисфикуван лек стигнал во земјата, но уверуваат дека ниту една кутија од него не завршила во аптеките.

Весна Јовановска Дојчиновска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ