Македонија со „Господ постои, името и е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска во главна конкуренција на Берлинскиот Филмски Фестивал

Со филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска, копродукција меѓу пет земји, Македонија ќе земе учество во главната програма на Берлинскиот филмски фестивал.

  • Иако со малцинските копродукции имавме некоја случајна среќа или некој успех , сепак после 25 години за прв пат се случува македонски филм да влезе во официјална конкуренција на фестивал од А категорија и тоа Берлин кој е многу рестриктивен и избирлив и многу тежок за влегување. Ова е огромна радост за сите вистински професионалци и филмски работници, смета Горјан Тозија, директор на Агенција за филм на Р.М.

Филмот „Господ постои името и е Петрунија“ зборува за девојка во Штип која живее со своите родители и се обидува да најде работа. За време на празникот Водици се одлучува да скокне по крстот и проблемите почнуваат во тој миг кога ќе го фати и се соочува со реакциите „Чекај ти си жена“!.

  • Многу труд вложивме, некомпромисна уметност, многу љубов и многу мака. Во рекордно време за шест месеци го склопивме буџетот кој изнесува милион и четиристотини илјади евра , имавме добиено од агенцијата 30 милиони денари што е околу 500 илјади евра, рече Лабина Митевска , Сестри и Брат Митевски Продукција.

За квалитетот на филмот кој кој ќе ја има својата светска премиера во Берлин сведочи и огромниот интерес кај најголемите агенти за продажба. Во преговорите го избравме најсилниот во моментов францускиот Пирамид кој што застанува зад  филмови кои ја одбележуваат врвната светска и европска кинематографија, вели Митевска.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ