
Законот за високо образование е во финална фаза
Изготвувањето на новиот закон за високо образование е при крај. Во моментов се подготвува финална верзија која во пролет треба да влезе во собраниска процедура. Во изминатиот месец предвиден за доставување забелешки, од кои најголемиот број од професори. Коментари имало и од дел од факултетите кои преку ректорските управи реагирале поради намалувањето на надлежностите на раководните лица.
Новите решенија предвидуваат деканите да ги бираат наставно научните совети, а да ги потврдува сенатот, за разлика од досега кога изборот го потврдуваше ректорот. Според дел од професорите функциите на ректорот се намалени и во односот со сенатотот и со деканите.
Се гарантира финасиска автономија на јавните високо образовни установи. За разлика од досега кога средствата ги распределуваше МОН, сега тоа ќе прави национален совет за финасирање на високото образование. Штета е вели дел од професоркиот кадар бидејќи не се отиде и чекор понатаму, односно не се утврдени критериуми, односно чинење на студентско место. Според МОф, на законот треба уште да се работи, особено на одредени делови
Новиот закон предвидува и критериуми за избор во звања како и посебна агенција која ќе врши евалуација на квалитетот на образованието.
Сања Јовановиќ Дамјановска