Државата ќе потроши 5 милиони евра за претседателските избори

Околу 5 милиони евра ќе потроши државата за претседателските избори што ќе се одржат напролет. Најмногу, околу 3 милиони евра, ќе се одделат за надоместоци за избирачките одбори, а останатите се за транспорт и изборен  материјал. Околу 300 илјади евра, ќе одат за сместување на избирачките одбори.Поради ова, но и за да се отстранат сомнежите околу избирачкиот список, ДИК предлагаат да се воведе електронско гласање и електронска проверка на податоците, но не за овие избори, туку за некои идни. Во договор со МВР, ќе се користат отисоците што сите ги оставаат во нивната база.

Од ДИК велат дека, партиите начелно се согласни за ова, но неопходни се измени во изборниот законик, за кои сега нема време.

Електронскиот систем за гласање првпат е спроведен во Холандија уште во  1990 година. Вакви  системи на различни нивоа веќе се применуваат во дваесетина земји, а најзастапени се во САД, Канада, Јапонија Британија, Естонија, Швајцарија, Франција и други. На Балканот, ваков закон е изгласан  само во Словенија, но и таму се спроведува само делумно, за болните лица.

 

Далиборка Дамјанска Цветановска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ