Кривичниот суд ќе работи прекувремено за да одлучи за амнестијата на околу 1.500 осуденици

Скопскиот Кривичен суд ќе работи прекувремено и преку викенди за да го запази законскиот рок при одлучувањето дали ќе бидат аменестирани околу 1.500 лица кои претходно биле осудени во овој суд. Законот за амнестија стапи на сила денеска, а до Кривичниот суд веќе пристигнале и првите барања за помилување.

До Судот денеска од затворите стигнаа помеѓу 50 и 100 барања, а со актот за амнестија треба да бидат опфатени 1.500 осуденици за кои Кривичниот суд треба да одговори. Петстотини треба да добијат целосна, а останатите 1.000 делумна амнестија“, смета Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд во Скопје.

Од Кривичниот суд велат дека веќе се формирани неколку криивчни совети  кои ќе го разгледуваат секое досие од затворениците.

 “Формиравме совети за да го запазиме рокот од пет дена во кој треба Судот да се произнесе за барањата. Со актот за амнестија, Кривичниот суд треба да утврди дека некое осудено лице ги исполнува условите за амнестија“, додаде Џолев.

Судската одлука потоа се доставува до Министерството за правда, а оттаму до Управата за извршување на санкции. Од оваа институција велат дека брзината на излегување на амнестираните зависи од судовите.

Законот за амнестија кој е донесен на 15 јануари, покрај амнестирањето на околу 800 затвореници, предвидува и намалување на казната за 30 отсто  на над 3.000 осуденици.

Александар Манасиев

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ