
Настинките го намалуваат бројот на ново вакцинирани против морбили
Поради распустот на учениците, но и поради сезоната на настинки и вирози, во периодов детските градинки се полу празни. По прогласувањето на епидемијата од морбили на територијата на град Скопје, до вчерашниот ден се вакцинирани околу 1100 пациенти. Од денеска продолжува и забраната за примање во градинка на деца без примена МРП вакцина. Така беше и уторво во оваа градинка во наслебата Карпош. Родителите со потврди во рацете ги носеа децата. Дел од нив ги вакцинирале претходно, но имаше и такви кои ги вакцинирале своите деца деновиве.
А сезоната на настинки ги наполни детските клиники. Директорот на институтот за белодробни заболувања Козле вели дека бројката на згрижени деца е поголема од очекуваната. Во период на епидемија од морбили тој вели дека бројката на ново вакцинирани е мала, токму поради сезоната на настинки и вирози, бидејки за да се вакцинира едно дете предуслов е тоа да биде комплетно здраво.
Казните со кои се соочуваат градинките доколку инспекциите откријат невакцинирани деца, за правното лице се движат од 2.000 до 4.000 евра, а одговорното лице треба да плати 30 отсто од одредената сума за правното лице.
Јордан Дуков