БЕСА на Касами не знае дали ќе ги поддржи уставните измени (видео)

БЕСА не знае дали ќе ги поддржи уставните измени или не. Тоа ќе зависи од текот на утрешната дебата, вели Фадил Зендели од Беса. Правилата на игра се сменија, затоа и поднесовме амандмани, вели тој. Од партијата бараат албанскиот јазик да стане официјален, дравата да биде мултиетничка, а кај зборот државјанство да се избрише „македонско“ и да стои граѓани на Северна Македонија. За изјавата на вицепремиерот Османи, кој денеска порача албанските партии да не бидат кочничари за членството на Македонија во НАТО, Зендели му порача  да оди во Чаир и да ги праша Албанците дали прифаќаат во делот за  државјанство да бидат именувани како Македонци.

„Ако  најде некој со поддршка, тогаш и ние ќе го поддржиме“, додаде Зендели. 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ