Мицкоски очекува победа на претседателските избори, не открива кои се кандидатите на партијата

Претседателот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ очекува победа претстојните претседателски избори иако партијата се уште е без официјален кандидат. Тој не откри дали и кој се пријавил на конкурсот за избор на претседател и нагласи дека кандидатот ќе биде избран по неговотo затвoрање, на 31 јануари, на партиска конвенција.

Прашан како очекува да победи на изборите без поддршка од партиите од албанскиот блок, Мицкоски рече дека тие имаат редовна меѓусебна но неофицијална комуникација на повеќе нивоа вклучувајќи и претседателско и дека претседател ќе биде кандидатот кој ќе освои најголем број од гласовите на сите етнички заедници во Македонија што ќе излезат да гласаат.

Засега ниту владеачкото мнозинство не излезе со официјално име за кандидат за претседател на Македонија но и без  став околу најавите за консензуален кандидат.

Министерката за одбрана и вицепремиер Радмила Шеќеринска не открива дали таа ќе биде  евентуалниот консезуален кандидат на СДСМ за претстојните претседателски избори. Таа кажа дека фокусот на Владата е на процесот за интеграцација во ЕУ и НАТО.

Од друга страна пак, ДУИ останува на ставот дека на овие избори ќе се оди со консензуален кандидат.

Спикерот Талат Џафери најави дека ќе ги распише претседателските избори на 3 февруари. По гласањето на уставните измени на 15 јануари, партиите интензивно ќе започнат со преговори за избор на свој кандидат. Неофицијално, СДСМ и ДУИ ќе водат разговори да настапат со заеднички кандидат. Имиња не се откриваат, но како најсериозни кандидати се посочуваат Никола Димитров, Оливер Спасовски, Имер Селмани со кои владеачкото мнозинство смета дека може да победат уште во првиот круг.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ