Амандманите на БЕСА утре на разгледување во Влада

Работни групи од БЕСА и владата ќе се сретнат утре за да ги испеглаат ставовите за аманманите кои ги предлага партијата во рамки на Уставните измени. Ова за Телма го потврдуваат од БЕСА од каде велат дека аманманите се подготвени но ке треба да ги достават до владата за правно да се додефинираат.

Од партијата не сакаат да прејудицираат што ќе се случува но велат дека постојат две опции. Првата е Владата да ги прифати како свои и со тоа да се постигне договор за пратениците на БЕСа да гласаат за уставни измени и да се бидат дел од дво третинското мнозинство.

Втората опција е ако утре не падне договор сепак БЕСА како свои аманмани да ги предложи на собраниската сединца. Терминот кога точно ке се случи урешната средба се уште не се знае, но се знае дека работната група на БЕСА ќе биде составена од Пратеникот Фадил Зендели, и двајцата потпретседатели Кастриот Реџепи и Ајранит Хоџа.

Од Владата засега молчат. Познавачите пак очекуваат очекува разумен компромис. Политичкиот аналитичар Петар Арсовски, ниту една албанска партија нема да си дозволи да биде самата причина за неизгласување на уставните измени што не би ја однеле земјава во ЕУ и НАТО.

Пред Божиќните празници се интензивираа политичките напори за добивање гаранции дека за уставните амандмани ќе гласаат две третини од пратениците. Поддршката што четворицата пратеници на БЕСА и на Алијансата на албанците ја дадоа во првата фаза од процесот на менување на Уставот е доведена во прашање откако не беа целосно прифатени нивните барања. За сега нема информации дали ќе има средба Заев – Села но од Алијанса за Албанците брифираат дека можно е да се очекува.

Утре претседателот Зијадин Села ќе се сретне со Шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во земјава, Јанковиќ и се очекува дека тема ќе бидат токму Уставните измени и Преспанскиот договор. Петочната средба пак на Заев со Касами од БЕСА заврши без инфомација за детали. БЕСА има три амандмани на Уставот и еден на Уставниот закон за да се прецизира дека државата не е моноетничка, како што имплицира делот “македонско државјанство“.

Имаат забелешки и на ставањето акцент на македонскиот народ, додека другите се етнички заедници, како и во делот на дијаспората. Амандманите на Алијансата се слични. Бараат албанскиот јазик и неговото писмо да се употребуваат на целата територија на државата, по зборовите „самостојна, суверена“ да се додаде „мултиетничка“, а зборовите „македонскиот народ“ да се заменат со „граѓани“, за да се истакне мултиетничкиот карактер на државата.

Од среда во Собрание почнува финалната фаза од уставните промени. ВМРО ДПМНЕ нема да учествува, па се очекува дека расправата нема да трае 12 дена, колку што е дозволено, а гласањето се очекува до 15-ти јануари. Потребни се најмалку 80 гласа, а за менување на Преамбулата, и Бадинтерова поддршка.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ