Ветувањата на Теута Арифи останаа на хартија

Пробивање на булеварите, воведување на јавен превоз, решавање на проблемот со комунален смет, се старо-новите ветување на градоначалничката на Тетово Теута Арифи за 2019 година.

Овие ветувања градоначалничката на Тетово Теута Арифи ги дава секоја година, но на терен нема ништо.
Наместо да се пробијат, дел од булеварите Благоја Тоска и Индустриска се претворени во диви паркинзи, хасот во сообраќајот од година во година се зголемува, јавното претпријатие Градски паркинг функционира само на хартија, а Тетово се уште тоне во смет. Граѓаните повеќе не веруваат дека нешто од долгонајавуваните проекти годинава ќе се остварат.

Советниците од опозицијата велат општината нема финансика можност да инвестира во капитални инвестиции затоа што е превработена, па речиси половина од буџетот како и тој за 2019 година треба да го одвои за плати и придонеси за општинската администрација.

Од Општина Тетово пак, уверуваат дека следната година општина Тетово ќе биде порелаксирана во смисла на наследениот долг, и многу поефикасна во остварување на проекти, кои се за доброто на граѓаните. Одлуката на Владата за подмирување на 51 отсто од долговите на општините е можност што досега ја немавме, но истовремено и одговорност која треба сериозно да ја разбереме, потенцираат од општина Тетово.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ