Оџачарите среќа и топлина носат

Оџачарите среќа носат, но и топлина во домот. Оваа професија  е дефицитарна во Скопје. Не помогнаа ниту бесплатните обуки за оџачари организирани од градот, а мал е и бројот на домакинства кои се одзвале на повикот за субвенционирано чистење оџаци. Орде Ристески е еден од малкумината оџачари во Скопје.

Вака не пречека Орде Ристески  еден од малкумината оџачари во Скоппје кои сеуште посветено го работат овој занает. Им донел среќа на многумина или како што вели самиот, топлина која среќа носи. Во Скопје, 45 проценти од жителите се греат на дрва. Со тоа, во градот има над 60 000 оџаци, а многу малку оџачари.

Мал и незначителен е бројот на заинтересирани кои се пријавија на конкурсот за обесплатна обука за оџачари кој го организираше град Скопје. А и граѓаните со мал интерес се пријавиле и за субвенционирано чистење оџаци.

Домаќинствата што се греат на дрва учествуваат со 30 проценти во вкупното загадување на воздухот  во градот, а неисчистените оџаци загадуваат двојно повеќе во споредба со исчистените. Орде, по напуштањето на работата во Железара се посветил на овој занает. Вели дека е исполнет со оваа професија, луѓето се радуваат кога ќе не видат,  тие среќни, ние уште посреќни.

Тој вели дека менталитетот кај нас направил оџаците да не се чистат редовно, иако постои и законска обврска тоа да се прави најмалку еднаш годишно.

Орде вели дека неговата професија му направила и професионална деформација, кога се движи  низ градот постојано да гледа по оџаците на куќите.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ