Власта во трка со времето за формирање Антикорупциска

Владата во трка со времето за носење на законот за спречување корупција со кој ќе се формира и нова Антикорупциска комисија.

Го предложи со европско знаменце што ќе значи само три дена собраниска дебата за него и по тоа се става на гласање. Но, неизвесно е кога ќе дојде на дневен ред на седница оти деновите по празниците  се резервирани за уставните измени.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во телефонски разговор за Телма вели дека во никој случај не му паѓа на памет законот за спречување на корупција да се најде пред уставните измени чии краен рок за носење е 15 ти јануари. Но, по ова остануваат само дваесетина денови до распишување на претседателските избори. Тоа ќе значи дека за ова време законот ќе треба да се донесе, да се распише оглас за членови на антикорупциската комисија, да се избере претседател и членови и да се верификува нивниот мандат што е многу кус рок, велат извори од Собранието. Со ова се отвора прашањето дали за време на изборите ќе има функционална Антикорупциска комисија.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ велат дека е неопходно да се донесе квалитетен закон за антикорупција, но не на начин како што тоа го прави власта на СДСМ.

„Секогаш кога СДСМ сака да донесе закон што само нив им одговара тие го силуваат Собранието со носење закони со европско знаменце и воспоставуваат лоша пракса за во иднина. Аманманите на ВМРО ДПМНЕ се во насока со препораките на Европската комисија и ГРЕКО, како и дополнително усогласување на законот за антикорупција со други акони од нашиот правен систем, што уште еднаш докажува дека намерите на СДСМ за носење на законот со европско знаменце се неискрени и само со нивна лична полза за да се спасат“.

Инаку ова е трет одбид да се донесе законот за помалку од еден месец. На собраниската седницата пред Нова Година тој беше на дневен ред, но пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ предложи четириесетина аманмани. Главно забелешките беа во однос на надлежностите кои ќе ги има антикорупциската комисија, па законот заглави. Од министерство за правда велат дека сега законот кој е пуштен со знаменце е со истиот текст од оној од пред новогодишните празници.

„Законот кој е пуштен од пратениците по скратена постапка и тој што е со европско знаме е со ист текст. Во него се вградени коментарите од експертите од Европската Комисија. За жал амандманите на ВМРО ДПМНЕ се амандмани кои ја ослабуваат позицијата на ДКСК, критериумите за нејзиниот состав и нејзиниоте надлежности. Ниеден амандман што ги намалува стандардите нема да биде прифатен“.

Веќе десет месеци во  ДКСК има само двајца членови кои не си дадоа оставки како нивните петмиона колеги после скандалот со трошењето на пари од комисијата. Оглас за избор на нови пет членови имаше, беше распишан и оглас и се пријавија 39 мина кандидати. Но оваа идеја за избор по стариот закон за да се осигура постоење на ДКСК за претсеадтелските избори пропадна бидејќи власта сепак одлучи да се трка со времето, и да го донесе новиот закон. Со него се зголемуваат надлежностите на антикорупционерите и се менува начинот на избор на членови.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ