
Раде Јованов, неуморен крводарител
Раде Јованов од Скопје е од оние невидливи херои кои помогнале на многумина, а никој не знае за нив. Тој е крводарител и во животот дарувал повќе од 120 пати крв и околу 80 пати дарувал тромбоцити. Целиот работен век бил во компанијата каде што работел бил одговорен за организирање на крводарителски акции.
Тој денес има 69 години и веќе 3 години не може да дарува крв, бидејки така се пропишани правилата кај нас, но навиката да дарува крв и да помогне некому направила и неколкупати да се “шверцува” како што вели самиот. Но, неговата активност да помага не престанува, бидејки познава многу крводарители тој помага во критични моменти кога се бара некоја ретка крвна група или поголеми количини крв. А се започнало во неговите средношколски денови.
Давал крв и во критични ситуации, но и многупати дарувал тромбоцити, процес кој се изведува со посебна опрема и со ова дарување се даруваат специфични делови крвта и тие имаат краток рок на употреба и оддржувањето на залихи е постојан проблем.
Според правилата за крводарителство кај нас тој веќе неколку години не може да дарува крв поради возраста, иако потенцира дека во светот не постојат вакви ограничувања. Вели дека во овие неколку години многу му недостига оваа негова хумана активност.
Најголемата негова крводарителска активност била додека бил во работен однос, но и потоа не се намалила потребата да помогне некому со својата крв.
Јордан Дуков