
Со полициски хеликоптер извлечени полицајците од Танушевци- извршена е нивна смена
Од МВР потврдија дека претпладнево е извршена смена на полициските службеници кои по завршувањето на 4-дневната должност, поради длабокиот снег кон караулата Танушевци, завчера не можеа да бидат заменети со нови гранични полицајци.
Смената е извршена со полициски хеликоптер. Од независниот полициски синдикат вчера соопштија дека проблемот често се појавува и дека навреме не се спроведуваат тендери за расчистување на патиштата кон планинските гранични полициски станици.
Полициската станица е во поранешната армиска караула кај Танушевци на македонско-косовската граница, на планината Скопска Црна Гора.