Вакцинацијата продолжува – нема нови заболени од морбили

Вакцинацијата продолжи иако со намален број на деца во трите дежурни пункта во Скопје. Вакцината ја прими двегодишно девојче, а надлежните велат дека има и повозрасни деца кои не ја примиле првата доза од МПР вакцината до 13 месечна возраст како што е планирано.

Голема гужва имаше на поликлиниката Јане Сандански, иако претпалднево во Скопје беа вакцинирани 28 деца. Министерството за здравство пак соопшти дека вакцините марка Приорикс кои се аплицираат на децата не се со истечен рок како што се шпекулира по социјалните мрежи и дека тековниот тендер се одвива според планот за набавка на вакцини. Новозаболени од морбили нема. Во моментот се испитува еден сомнителен случај.

Последниот заболен е регистриран завчера, ден по прогласувањето на епидемијата на морбили по што следуваше забрана за престој на невакцинирани деца во градинки. Тој потег наиде на осуда кај дел во јавноста, а вчера вечер дури беа организирани протести и против одлуката за забрана за невакцинирани деца во градинки, која од дестината демонтсранти пред минитсерството за здравство беше наречена фашиситичка сегрегација за која ќе покренат и тужба пред суд.

Надлежните тврдат дека вакцините се безбедни и квалитетни. На секое место каде се аплицираат, на родителите им се одговара на сите прашања.

Од првиот случај во Радишани лани досега се регистрирани вкупно 15 случаи од кои 8-мина пациенти се на инфективна клиника. Епидемијата беше прогласена на втори јануари.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ