Обвинителството бара Дурловски од притвор да се премести во куќен притвор

Игор Дурловски од притвор да биде преместен во куќен притвор, а пратеничката Жаклина Пешевска да биде пуштена од куќен притвор и за неа да се одредат други мерки за обезбедување. Ова го побара Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави барање за продолжување на мерките за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка за триесет и петмината осомничени за настаните што се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија.

„Надлежниот обвинител побара од судот за лицето Ж.П да биде укината мерката куќен притвор и истата да биде заменета со мерки на претпазливост, а за осомниченото лице И.Д. мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор. За останатите осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка.“, се вели во соопштението на Обвинителството

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ