Германската амбасада негира дека се укинуваат работните визи

Германската амбасада соопшти дека не е точно дека се укинуваат работните визи. Денеска со соопштение ги демантираше информациите кои во последно време се објавуваат во медиумите во врска со постапката за виза за Германија.

Информациите за нов закон, кој треба да стапи во сила од 01.01.2019 г. и кој  на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи престој до 6 месеци без работен договор и без работна дозвола во Германија, не се точни.  Ве молиме да се информирате на веб страницата на германската амбасада за предусловите и времето на чекање за доделување на работни визи, пишува во соопштението од германската Амбасада во Скопје.

Демантот уследи откако во јавноста се појавија информации дека од годинава „странските квалификувани работници полесно ќе се вработуваат во Германија и дека еден македонски работник ќе може да добие право на шест месечен престој и дека за тоа време ќе може да бара работа“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ