Бањата во село Бање наместо да работи, се распаѓа

Од осумте бањи во државата, само бањата во село Бање, кочанско не работи. Изградена во осумдесетите години сега е затворена и во неа се се распаѓа, од она што може да се види одамна никој нема влезено.  Општината Чешиново-Облешево во оваа бања гледа перспектива за развој на бањскиот туризам, а пред Нова Година конечно си го врати објектот во своја сопственост.

Физибилити студијата за бањата се прави со пари од УНДП, се очекува да биде готова во февруари, а дополнително ќе се прават испитувања, за да се види дали нивото на термоминералните води се повлечени.

Бањата во село Бање негогаш имаше кинезотерапија, болнички дел, а месечно ја посетувале 700 пациенти. Објектов кој е целосно руиниран беше во сопственост на државата, досега јалови  беа и ветувањата дека повторно ќе се отвори за пациентите од источниот регион, кои засега ја користат само физикалната терапија на штипската бања Кежовица.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ