Виси двотретинското мнозинство за уставните измени 

Се уште не се обезбедени 80 гласови за уставните измени. Премиерот Зев од утре отпочнува со преговори со БЕСА на Касами и Алијансата на Албанците од кои ќе побара подршка. Од нив очекува одговорност и сериозен пристап.

Писмото на Столтенберг, Заев го оцени како охрабрувачко. Верува дека кон крајот на јануари и двете страни ќе го ратификуваат Договорот од Преспа.

Заев смета дека во овој момент на државата не и се потребни предвремени парламнетарни избори, кои евентуално би се одржале заедно со претседателските.

Амнестијата на инволвираните во настаните од 27 април морала да се случи, имајќи ги предвид стратешките интереси на државата и поделбите во неа. Измените на Кривичниот законик немало да влијаат на случаите што ги води СЈО.

За бегството на Груевски се уште се води истрага и во прашање се денови кога институциите ќе излезат со целосна информација, вели Заев. Тврди дека тајни договори немало и дека политиката нема замешано прсти во неговото бегство.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ