
Прогласена епидемија на мали сипаници во Скопје
Во Скопје, во изминатите два дена се регистрирани 12 нови случаи на мали сипаници или морбили, информираа здравствените власти. Се работи за заболени бебиња и мали деца, од 8 месеци до 4 годишна возраст, а примениот возрасен пациент е на 31 година. Од причини што бројката на заболени порасна на 13, од средината на минатиот месец до сега, а за 6 сомнителни, резултатите од анализите ќе бидат готови утре, во главниот град е прогласена епидемија на морбили.
Има 12 нови случаи.Од нив 6 се дефинитивно потврдени со соодветни анализи. За останатите 6 , за кои има типична клиничка слика, анализите ги очекуваме во текот на следниот ден, вели министерот Филипче.
Најголем дел од нив се со бронхупна пневмонија како најчеста компликација. Кај дел од дечињата имаме и акутен гастро ентероколид како компликација на болеста, а 2 ца пациенти се со посериозна клиничка презентација и тие 2 се со посериозна бронхупна пневмонија, вели Сања Петрушевска Маринковиќ- лекар на Инфективна клиника.
Сите нови заболени од мали сипаници се невакцинирани лица. Од 15 000 невакцинирани деца во Скопје, од појавата на морбилите на 19 декември во градинката во Радишани до сега, само 350 се вакцинирани. Тоа се должи на антивакциналната кампања што ја спроведуваат некомпетентни лица, рече епидемиологот, Жарко Караџовски.
Не може да се очекува да се има добар опфат, ако имаме во народот антивакцинална кампања од лица кои што се некомпетентни и нестручни. Кои пропаѓираат некаква замисла дека детето треба да прооди и да прозбори, па дури тогаш да му се даде вакцина МРП, што е сосема медицинси неоправдано, вели епидемиолог Жарко Караџовски.
Морбилите се заразна и опасна болест која може да предизвика тешко запаление на белите дробови и тешко оштетување на централниот нервен систем. Имајќи го предвид тоа, но и епидемијата од морбили во регионот, со која се зафатени 5000 граѓани на Србија , Бугарија и Романија, здравствените власти од утре ќе достават решенија до градинките да не примаат невакцинирани деца.
Ќе се испратат решенија со задолжување, со наредби кои што ќе стапат во сила веднаш, што значи од утре, вели д-р Лилјана Ристовска од Државен санитарен и здравствен инспекторат.
Иако законот предвидува парични казни од 350 до 650 евра за родителите и старателите кои нема да ги вакцинираат децата, од ДСЗИ велат дека веднаш нема да казнуваат , туку ќе следат што се случува на терен и потоа ќе превземат законски мерки. Со прогласената епидемија на морбили, се проширува возраста за имунизација, за бебињата од 6 до 9 месеци и за возрасните до 45 години. Во Македонија се врши имунизација од мали сипаници, од 1972 година.
Сотир Трајков