Ден пред истекот на рокот изгласан буџетот на Општина Гостивар

На последниот ден од крајниот рок 31 декември, советниците на Општина Гостивар по долгите расправии на денешната вонредна седница се договорија и го изгласаа буџетот за 2019 година.

Советничкото мнозинството и градоначалникот Таравари направиле консултации и постигнале компромис за буџетот кој беше донесен со одредени измени.

По барање на дел од советнците, се скратуваат парите за привремени вработувања и тоа од 13 на 6 милиони денари, а намалување има и кај трошоците на градоначалникот и за договорите на дело. Овие пари ќе бидат пренаменети за инфраструктурни проекти.

Буџетот на општина Гостивар за 2019 изнесува околу 17 милиони евра.

Минатата година општинската аминистрација со советниците од мнозинството не успеаа да го донесат буџетот, а општината мораше да воведе мерка на времено финансирање, што предизвика доцнење на плати а беа закочени и инвестициите.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ