Решението за куќен притвор на Мијалков потпишано на адресата на Водно, не на „Мериот“

Ова е зградата во која живее екс директорот на УБК Сашо Мијалков. Извори од кривичен суд брифираат дека токму на оваа адреса на улицата Салвадор Аљенте на Водно е напишано решението за издржување на мерката куќен притвор. Полиција не го чува објектот, но според обвинителката Катица Јанева и не би било потребно бидејќи токму таа смета дека не постои повеќе опасност тој да избега. Јавноста пак веќе шпекулира дека не тука туку во хотелот Мериот Мијалков од синоќа го издржува притворот. И пред објектот кој се наоѓа на плоштадот денеска имаше само новогодишна атмосфера, не и полиција. Токму мислењето кое го даде СЈО за Мијалков ги разгоре социјалните мрежи. Адвокатот Јанаки Митревси е меѓу оние кои гласно коментираат дека после ова мислење на Јанева како што вели СЈО може слободно да се распушти.

Се отвори и прашањето зошто судот има двојни аршини но секогаш во корист на обвинетите од СЈО. Кога требаше да се достави упатниот акт за во затвор за екс премиерот Никола Груевски, кривичен се вадеше на викенд, па тој во меѓувреме избега. Обратно За мијалков во викенд работеше, за да може да го донесе решението за куќен притвор, се најчестите коментари во јавноста. Од судот велат дека притворските предмети се итни и работата и во викенд за нив е неизбежна. Според судот по барањето за притвор на Мијалков требало да се одлучува во петокот, но поврторно поради пропуст на СЈО судот барал да се допрецизира. Спорно било што СЈО барало Мијалков да не смее да комуницира со луѓе, па тоа би значело дека би бил во самица, ниту пак да комуницира на други начини но не биле прецизирани какви. Судот барал СЈО да напише со кои луѓе му е забранета комуникација, дали останатите осомничени од Империја или можеби сведоци, и да напише дали телефонската вибер месинџер или друга електронска комуникација треба да му се укине. По ова СЈО се премислило па наместо да прецизира се откажало од овие две мерки. За адвокатите е неразбирливо пак како кривичен за обичните смртници кога треба да излезат од притвор не работи а за политичарите секогаш е на штрек.

Инаку притворот на Мијалков истекуваше на 30 ти декември, а му беше одреден за истрагата Империја. Но и тогаш го следеше специфична ситуација, бидејќи тој веќе беше во притвор но за Таргет Тврдина. Тогаш обвинитеслтвото бараше судијката Весна Димишкова да го укине тој притвор и му одреди нов овој пат за Империја. Во оваа истрага уште притвор заработија и бизнис партнерите на Мијалков меѓу кој и Орце Камчев. Тие од затвор излегоа ден пред Мијалков, и сега исто како и тој се во домашен притвор.

Билјана Николовска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ