За празниците ќе има доволна количина на месо

За време на Новогодишните и Божиќни празници на македонскиот пазар ќе има доволни количини на месо. Одгледувачите на свињи во државата забележуваат дека нема и да има покачување на цената, со што би се оптеретил и буџетот на граѓаните за време на празниците. И покрај тоа што во моментов имаат најниска цена, сепак мора да ги следат цените во соседните држави, кои се големи производители на месо.

Пред два месеци групацијата на произведители на месо во земјава достави повеќе барања до Владата, со цел заштита на домашното месо, но и на македонските граѓани. Побараа постојано да се води контрола на свежото свинско месо во продажба и да не е претходно замрзнато.Во угостителските објекти да се декларира какво е местото, дали е замрзнато или свежо.

Засега македонските производители на свинско месо неможат да го извезуваат на европските пазари, причината е тоа што сеуште ги вакцинираат свињите од болеста чума. Очекуваат до 2020 година да ја прават вакцинацијата, а потоа им следи и уште еден преоден период, кога ќе чекаат дозвола за извоз на месо на европските пазари.

 

Викторија Јованова

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ