11 години не може да се донесе законот за биодизел горивото

Министерството за економија потврди дека нов закон за биогорива мора да се донесе.Од таму во одговор за Телма пишуваат дека во насока на поголема промоција на биогоривата, ќе се носи и Акционен план за употреба како и подзаконски акти со кои ќе се регулира методологијата за определување на задолжителниот процент на застапеност на овој вид гориво,цената на намешаните биогорива   и можностите за субвенционирање на производството.

  • Министерство за економија, согласно Законот за енергетика отпочна со изработка на нова Стратегија за развој на енергетиката за период до 2035 година, и се очекува истата да биде усвоена најдоцна до крајот на 2019 година. Во рамките на опфатот на политиките кои треба да бидат предложени со оваа Стратегија ќе биде разгледано и прашањето за употребата на биогоривата  и можноста за потикнување на  производството  и употребата на биогоривата во корелација со останатите енергетски политики и политики за заштита на животната средина, велат од Министерство за економија.

Новиот Закон за енергетика не ја регулира употребата на биодизелот. Наместо тоа, се упатува на стариот закон кој има многу  штури одредби.Зошто целата постапка не добие итна назнака останува нејасно особено ако се знае дека со употреба на биодизелот може значително да се влијае на намалување на загадувањето кое во зимските денови бележи екстремни вредности. Законот со кој треба да се регулира дејноста се најавува секоја година почнувајќи од 2007 год. Опфатот на употребата на биодизелот е јасно пропишан во Европската директива за примена на алтернативни горива ДАФИ која е задолжителна за земјите членки на ЕУ, но прашање е дали Македонија ќе пристапи кон нејзина примени како земја која сака да стане дел од европското семејство.

 

Виолета Зајкова Стојановска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ