
СЈО денеска до судот ќе го испрати барањето Мијалков да оди во домашен притвор
Специјалното јавно обвинителство потврди дека денеска до Основниот суд, ќе го испратат корегираниот и дополнет предлог за куќен притвор за екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков. Но не објаснија што е изменето во предлогот, кој вчера судијката Весна Димишковска им го врати како нецелосен, бидејќи според неофицијалните информации во него имало предлог да се огранмичат електронските комуникации на Мијалков, осомничен во случлајот Империја. Мијалков е последниот осомничен во случајот „Имеприја“ кој е во притвор. Тој е обвинет во четири други предмети на СЈО.