
Новогодишни пакети за бездомниците
„Хазардните игри ме донесоа да станам бездомник 5 год, а бев човек што има се“, кажа Таир Даут бездомно лице.
Вака Таир ја започна својата животна приказна. Од бизнисмен со своја фирма и семејство, коцката го довела на ова дереџе, да живее со социјална помош од 1500 денари. Тој е еден од 180-те бездомници кои од разни причини останал без семејство, без работа и покрив над главата.
„Бев свирач во бивша Југославија и работите тргнаа наопаку, во фамилијата нема слога, средината не те прифаќа. Се борам од ден на ден, не размислувам за долго“, кажа Ице Панов уличен свирач – бездомник .
Овие луѓе со години на ова место добиваат помош во храна, облека, лекови, можност за капење и преспивање но ретко кој од нив сака да работи и да си обезбедува егзистенција.Иако ваквата можност им ја нуди град Скопје, во Комуналните претпријатија годинава работа прифатиле само 10 бездомни лица
„Работа не може да им се даде, никој не прифака да работи, овие луѓе не се учени да работат, кажа Бобан Илиевски бездомник.
„Некогаш е субјективен проблемот што не се работно ангажирани, навикнати се на ваков живот, но ние не се согласуваме. Град Скопје нема проблем да ги ангажира сите 100 ако сакаат во комуналните претпријатија“, кажа Петре Шилегов градоначалник на Скопје
„Ова се луѓе кои изгубиле доверба во системот и во себе, наша цел е да ги реинтегрираме, да не бидат зависни од наша помош, кажа Сузана Тунева Пауновска Црвен Крст.
Статистиката говори дека стапката на сиромаштија во Македонија изнесува 22,2% односно дека секое 5 семејство со две деца живее во сиромаштија. Невладините измерија дека од 156 анкетирани еднородителски семејства, повеќе од 90 живеат на работ ан сиромаштија, а сиромашни се и 9 % од вработените и над 7 % од пензионерите.
Социјалната реформа која чека на усвојување во парламентот, се очекува од сиромаштија да ги извлече 400 000 граѓани.
Виолета З Стојановска