Владата им ја зголеми платата на вицепремиерите

Владата им ја зголеми платата на вицепремиерите за 8 илјади денари месечно. Зголемен е коефициентот за плати од 3.70 на 4 годишно.

Тоа даночните обврзници ќе ги чини 500 илјади денари на годишно ниво.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски досега земаше најголема плата, од 92.299 денари, сега ќе зима повеќе од 100 илјади денари плата.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од 79.150 денари, ќе добива плата од 87 илјади денари.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ