Камчев и Панделевски излегоа од Шутка, Мијалков чека мислење од СЈО

По 49 дена минати во затворот во Шутка, бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделевски осомничени во истрагата на СЈО, Империја се вратија во своите домови. Апелација им  го укина притворот и им определи куќен притвор. Токму СЈО предлагаше ваква поблага мерка за нив. Гаранцијата што ја нудеше Камчев во имот вреден 14 ипол милиони евра нема да биде активирана дознава Телма. Судиите не ја прифатиле бидејки не биле исполнети законски услови според кои за да биде некој пуштен некој од притвор со гаранција треба да постои само опасност од бегство а не и влијание врз сведоци како што е во случајот со Камчев.

Откако затворот ги прими судските одлуки доцна попладнево со комбиња од Шутка, Камчев и Панделевкси се пренесени во нивните домови. Пред тие да излезат во затворот влезе ексдиректрот на УБК Сашо Мијалков. Со полициско обезбедување беше вратен во затворот од рочиштето за Тортура. Следното судење му е дури после празниците во втората половина од јануари. Дали новата година ќе ја дочека во Шутка или дома за него ке одлучува Кривичниот суд но се уште нема мислење од СЈО. Адвокатите се надеваат да има позитивно мислење и за него.

Мијалков на 20 ноември доби притвор прво за предметот Таргет-Тврдина, 10 тина дена подоцна на предлог на СЈО тој притвор му беше укинат а му беше определен нов за Имеприја. 30-те дена истекуваат во понеделник му истекува притворот во понедлник  токму затоа се очекува СЈО повторно да се произнесе.

Од апелација нема најава кога ќе одлучуваат и за ексфункционерите Миле Јанакевски и Кирил Божиновски  и за останатите тројца притворени во Империја за кои имаше исто така предлог за куќен притвор од СЈО.

Зошто предлагаат поблаги мерки од обвинителството на Јанева велат во интерес на истрагата не можат да откријат.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ